Бензините од ноќеска на полноќ се намалија за два денари за литар, додека цената на дизелот остана иста. Пониска цена од 0,50 денари за литар доби и екстралесното масло за домаќинството. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 на бензинските пумпи се точи по 77,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ се продава по старата цена од 68,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство чини 57 денари за литар. Од Регулаторната комисија за енергетика одлуката ја поткрепуваат со намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и со понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Бензините од ноќеска на полноќ се намалија за два денари за литар, додека цената на дизелот остана иста. Пониска цена од 0,50 денари за литар доби и екстралесното масло за домаќинството.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 на бензинските пумпи се точи по 77,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ се продава по старата цена од 68,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство чини 57 денари за литар.
Од Регулаторната комисија за енергетика одлуката ја поткрепуваат со намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и со понискиот курс на денарот во однос на доларот.